Мицкоски: ВМРО ДМПНЕ ќе се откаже од дел од средствата за кампања

by Administrator

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи дел од средствата што се потврдени за партијата за кампања за референдумот да бидат пренаменети и донирани. Лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија го објави ова на Фејсбук и притоа ја посочи и целта за што би биле искористени парите – изградба или доградба на нов објект во рамки на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.    

„Во прашање се околу 80 милиони денари, пари на граѓаните кои власта, владата и парламентарното мнозинство во Собранието ги наменуваат за референдумската кампања. Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, доколку постои можност делот од средствата кои се потврдени за партијата да се пренамени и истиот да се донира за да се изгради или догради нов објект во состав на големиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Доколку постои правна пречка за тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од делот за средствата и јавно ќе побараме истите средства да се вратат во буџетот, и ќе побараме владата да ги инвестира токму во ова тетовско училиште“, стои во дел од написот на Мицкоски на Фејсбук. 

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема дефинирано став во однос на учество и гласање на референдумот. Вели дека партијата со сопствени сили и средства, одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маала, градови и села најпрво ќе го слушне гласот на народот, а потоа ќе го соопшти конечниот став во јавноста.       

Извор:НоваТВ

You may also like