МВР: Вооружен грабеж среде ден во „Халк банка“ на Качанички пат

by Administrator

Во СВР Скопје денеска околу 13 часот било пријавено дека во банка на улица „Јадранска магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума пари, потврдија за МИА од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Според првичните информации ограбена е екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово, кога пет вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените,  потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.

Во врска со денешниот грабеж, од Халк банка соопштија дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.

Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.

You may also like