Мас: „Во Германија вакцинацијата нема да биде задолжителна“

by Administrator

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари, во соседна Германија посочуваат дека нема да воведат такво нешто.

„Такво нешто нема да се случи во Германија“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“, пренесува „Танјуг“.

Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно и тешко уставно-правно да се спроведе.

Политичарката од Либерално-демократската партија (ФДП) задолжена за здравство, Кристин Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата од обврските за вакцинација не помага.

„Конкретно, земјите со драматичен број на корона треба да се концентрираат на проширување на снабдувањето со вакцини и спроведување на нови мерки“, рече таа.

You may also like