Македонија: Поглаварот на ИВЗ упати честитка по повод Курбан бајрам

by Administrator

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на  Македонија, Шаќир Фетаху, им го честиташе празникот Курбан бајрам на муслиманските верници во земјата и на сонародниците, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во својата порака, Фетаху по срдечните честитки го замоли Алах на овој благословен празник „да ги прифати нашите курбани и нашите ибадети, да го зајакне мирот во светот, да го елиминира злото меѓу луѓето, да ги издржиме разните предизвици и искушенија во животот, особено семејствата на жртвите на трагичната болест Ковид-19″.

Тој исто така истакна дека празникот Курбан бајрам носи голема радост кај семејствата и кај сите муслимани во земјата и пошироко.

„Курбан бајрам е голем празник затоа што содржи многу историски и општествени димензии со извонредно значење за човештвото воопшто, и особено за верниците“, се вели во честитката на поглаварот на ИВЗ.

Фетаху исто така потсети дека во текот на Курбан бајрам се извршува задачата за колење курбани, што, според него, е главната порака за афирмација и зајакнување на човечкото достоинство.

„Празникот Курбан бајрам е празник на голема радост затоа што со актот на колење курбан, верникот се издига високо покажувајќи вистинска покорност во еден Бог, и негува висок морал, надминува над страста и емоциите. Со курбанот колен за Бога, имаме за цел да надвладееме над нашите страсти“, се вели во честитката.

Поглаварот на ИВЗ исто така истакнува дека празникот Курбан бајрам креира атмосфера на мир и толеранција меѓу луѓето, како празник на зближување меѓу луѓето, грижа за сиромашните и пружање на раката за помирување.

You may also like