Македонија доби пристап до солидарниот фонд на ЕУ

by Administrator

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска одржал видео-конференциски состанок со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и преговори за проширување, од кого добил потврда дека Македонија добива пристап до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат соодветно распределени средствата за солидарно справување со предизвиците од коронавирусот.

Османи и Вархеји, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, разговарале за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ.

„Итната помош од четири милиони евра, но и ослободувањето на преку 60 милиони евра од ИПА средствата за справување со социо – економските предизвици претставуваа значајна помош од страна на Европската Унија, а особено радува фактот што земјата станува дел и од заедничкиот европски механизам за заштита од Ковид-19, преку учество и во заедничката набавка на Европската Унија за медицински средства за оваа намена“, истакна Османи.

Извор:НоваТВ

You may also like