Македонија ги поддржа санкциите на ЕУ за Русија

by Administrator

Македонија ќе се придржува кон сите одлуки на ЕУ за рестриктивните мерки коишто ги воведуваат за Русија, по инвазијата во Украина. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, да извести дека Северна Македонија се придружува кон новиот пакет на рестриктивни мерки на Советот на ЕУ, заедно со сите претходни одлуки за рестриктивни мерки од 2014 година до сега, во поглед на ситуацијата во Украина, и да ја започне постапката за нивно спроведување.

Во оваа фаза рестриктивни мерки на ЕУ опфаќаат забрана за патување низ земјите на ЕУ, како и забрана за пристап до финансиските фондови за лица од политиката и бизнисот кои одиграле улога за настанатата ситуација во Украина. Мерките се однесуваат и на рестрикциите на работењето на одредени банки на Руската Федерација со финансиските институции на ЕУ и на нејзините земји членки.


DW

You may also like