Кривични пријави за двајца жители на село Пештани, поради „незаконит риболов“

by Administrator

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(33) и Ј.П.(24), двајцата од охридското село Пештани. На  04.02.2020 година во 18 часот, во близина на селото, полициски службеници ги забележале пријавените при излегување од водите на Охридското езеро а во нивниот чамец, пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба Охридска пастрмка во вкупна тежина од 28,62 килограми.

СВР-Охрид

 

You may also like