Истанбул: Претседателот на Туркије, Ердоган, се состана со премиерот на Северна Македонија, Ковачевски

by Administrator

Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул се состана со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган и Ковачевски се состанаа во претседателската канцеларија во Долмабахче во Истанбул.

Откако на фоторепортерите им беше дозволено да го сликаат почетокот на состанокот, разговорот продолжи зад затворени врати.

На состанокот присуствуваа и министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и министерот за трговија, Мехмет Муш.

You may also like