Илјадници луѓе во земјава не знаат дека имаат дијебетес

by Administrator

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија, Димче Велев на настан што се одржа денеска повика на решавање на предизвиците со кои се соочуваат дијабетичарите во земјава, посочувајќи дека е потребна достапност на иновативната терапија

Дијабетесот во Северна Македонија е во подем, со околу 130 илјади пациенти кај кои е дијагностицирана оваа болест, а уште половина од оваа бројка лица сè уште не се дијагностицирани.

Ова беше соопштено на денешниот настан организиран од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ), со што по вто пат за два дена беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември.

На настанот беше промовирана книгата „Да се храниме и готвиме здраво“ од Везире Старова, а свои обраќања имаа претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев и заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

По мотото „Благостојбата кај лицата со дијабетес“ беше испратена порака за превенирање на компликациите кај пациентите, за поголемо внимание на примарната заштита и навремено поставување на дијагнозите на пациентите за да може навреме да се почне со потребната терапија.

Повеќе на:360stepeni

 

You may also like