Изречени 459 санкции за брзо возење

by Administrator

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место.

Вкупно 459 возачи беа санкционирани вчера на територија на државата, во рамки на зајакнатата акциска контрола што ја спроведува МВР. Од нив, 58 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Kanal5

You may also like