Излезе од затвор човекот што ја нападна Шеќеринска на 27 април

by Administrator

Излезе од затвор Панче Ангелов, човекот кој беше осуден на четиригодишна затворска казна за насилство врз министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во Собранието.

Тој беше осуден на четири години затвор, а доби амнестија на триесет отсто од казната.

Ангелов според обвинението, во Собранието на 27 април влегол во зградата и се упатил во прес салата, каде најпрво му се заканил на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а потоа ја нападнал Шеќеринска на која и ја искубал косата, а фрлал шишиња кон другите пратеници.

SlobodenPecat

You may also like