Изгласани повисоки плати за пиротехничарите

by Administrator

Пратениците ги усвоија измените на Законот за заштита и спасување, со што пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување ќе добијат повисоки плати. Поради изложеност на високо ризик по здравјето пиротехничарите кои досега во ДЗС се водеа како „друг стручен кадар“ ќе добиваат додаток на плата во висина од 35% проценти. Исто така, со измените пиротехничар вработен во Дирекцијата, ќе може да се пензионира со 40 години стаж и навршени 55 години возраст, се наведува во новото законско решение. Усвоен се и измените на Законот за управување со кризи, со кој се предвидува имплементација на европскиот број 112 каде ќе се упатуваат сите итни повици од граѓаните.


Alsat-m

You may also like