Ивановска: Инфлацијата донесе пандемија на панични напади

by Administrator

Инфлацијата освен по џебот, удира и по менталното здравје на граѓаните. Додека трговците се загрижени поради ограничувањето на маржите граѓаните негодуваат за скапата живеачка, а еден просечен граѓанин е константно во состојба на преживување – вели психологот, Тиана Ивановска во разговор за РСЕ

Дали одењето во продавница може да биде извор на стрес? Што претставува поимот „финансиска анксиозност“?

Дефинитивно претставува стрес и не само за обичниот граѓанин, туку и за мене лично и за сите нас. Затоа што секогаш кога ние не можеме да влеземе во маркет слободно и барем за оние основни производи не можеме да си дозволиме да ги ставиме во кошничка без да ги препровериме „десет пати“ цените тоа на еден начин претставува нешто што во психологијата го викаме состојба на преживување. Така што, во тој контекст и таа финансиска анксиозност се поврзува токму со немањето доволно средства, да кажеме на некој начин да се најдеме во тесно на каса или во маркет или да не ни стигаат средства за некој производ или недај Боже да ни биде одбиена картичката на терминал, што повторно укажува на една многу честа состојба во нашето општество во моментот.

Може ли стравот од високи цени да се претвори во акутна состојба и како реагираат купувачите во овој случај?

Апсолутно, да. Затоа што во моментот имаме пандемија на панични растројства и напади, секаде во светот особено во нашето општество. Најмногу потекнуваат и произлегуваат од една состојба на преживување или „survival mode“. Сега вие ако погледнете во просечниот Македонец или просечниот граѓанин на нашата држава, еден просечен граѓанин е константно во состојба на преживување.

Извор:RSE

You may also like