Заев: „Учебната година најверојатно ќе стартува на 1. октомври“

by Administrator

Мандатарот Зоран Заев денеска во Собранието го достави предлогот за новата Влада. Идниот премиер коментираше во врска со стартот на учебната година, потенцирајќи дека ќе има законски измени, и тие ќе бидат разгледани на првата седница на Владата.

„Уште на првата седница на владата ќе разговараме за учебната година. Сигурно е дека таа нема да почне на 1. септември. Најверојатно ќе почне на 1. октомври. Периодот од 15 септември до 1. октомври ќе биде искористен за подготовка на учебната година“, рече Заев.

Tv21

 

You may also like