„Мој народе ова се причини за патриотизам. Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре. Овој договор е патриотиски, резултат е на таа грижа. Патриот си ако го сакаш најдоброто за својата земја. Најтешко е да си го гледаш народот поделен. Да ги запреме поделбите внатре, со соседите и на поделбите со европското семејство. Илинден АСНОМ се за заедништво, а не за поделби. На граѓаните им е доста од поделби. Време е за храброст. Храбри сме и знаеме во секој граѓани во Македонија има по еден партизан и по еден комита. Заедно ја напишавме нашата историја, заедно ќе ја градиме нашата вековна иднина, рече премиерот Заев на прославата во Пелинце.

На прославата во меморијалниот центар Aсном во Пелинце делегацијата ја предводи претседателот на владата Зоран Заев заедно со министрите за внатрешни и за надворешни работи, за правда и за култура, Оливер Спасовски, Никола Димитров, Рената Дескоска и Асаф Адеми.