Заев: Најдоцна до утре ќе се прогласи 30 дена кризна состојба на цела територија на земјата

by Administrator

Премиерот Зоран Заев по денешниот состанок на Советот за безбедност во вилата на Воднo, истакна дека уште вечерва, а најдоцна до утре, ќе се помине процедурата за прогласување на кризна состојба во траење на 30 дена.

Барањето за кризна состојба произлезе од денешниот состанок, а претседателот Стево Пендаровски појасни дека се оди на ваков чекор бидејќи состојбата е навистина сериозна.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ова значи дека на располагање во лекувањето на заразените се ставаат и приватните болници, но и нивниот медицински кадар.

Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија. Претходно кризна состојба беше прогласена на регионот околу јужната и источната граница поради напливот на мигранти.

You may also like