Бугарија не побарала соработка од македонските власти во однос на истрагата за продажба на бугарски државјанства, рече премиерот Зоран Заев во Лисабон во изјава за бугарски новинари.
-Нам ни е јасно дека многу Македонци имаат бугарски пасоши и ние имаме Бугари во Македонија. Ние немаме проблем, но ако нешто е нелегално, Бугарија ќе си го востанови тоа, рече Заев во Лисабон, каде учествуваше на Конгресот на Партијата на европските социјалисти – ПЕС.
Премиерот Заев во Лисабон, одговарајќи на новинарски прашања за неколку странски медиуми изрази уверување дека инклузивниот процес во Парламентот и јавните дебати ќе успеат да обезбедат двотертинско мнозинство за усвојување на уставните измени кои се обврска од Договорот од Преспа.
Повеќе на:fokus.mk
