Загадување, корупција, иселување – сè е „нормално“

by Administrator

Во Македонија стана „нормално“, секоја зима, луѓето да живеат во услови на енормно загадување. Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а главниот град е на врвот на листите со најзагадени градови во светот. Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки животи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро.

„Постојат решенија, но, тоа што не постои моментално е волјата на властите. За жал и оваа власт не успеа да го стави во прв план зачувувањето на животната средина, а со тоа, уште поважно, да се грижи за здравјето на граѓаните на Македонија“, вели Аријанит Џафери, од здружението Еко Герила.

Корупцијата ги „изеде“ капиталните проекти

Нормална работа во Македонија е и корупцијата, и тоа крупната. Милиони евра годишно се излеваат од буџетот низ коруптивни канали. Ако државата ревносно ги „затнува тие одливи“ ќе има пари за многу ветени, а нереализирани проекти. Се проценува дека годишно „се крадат пари“, колку за еден Клинички центар, или пак колку за пруга кон Бугарија, автопат до Охрид, до Блаце…

Повеќе на РСЕ

You may also like