Жешкото време носи и „жешки“ сметки за струја

by Administrator

Просечната дневна потрошувачка на електрична енергија во текот на јули се зголемила за околу 1.500 мегават часови во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од ЕВН. Најмногу струја граѓаните потрошиле на 17 јули, но тоа е далеку од рекордите минатата зима. Сметките за струја во јули ќе бидат повисоки и поради потрошувачката, но и поради новата цена на струјата.

Како што расте скалата на термометрите, вртат и броилата на струјомерите. Високите температури што го погодија регионот во јули, ја зголемија потрошувачката на електрична енергија во Северна Македонија за околу 11 проценти во споредба со лани, покажуваат податоците на универзалниот снабдувач ЕВН за периодот од 1 до 17 јули.

„Во месец јули потрошени се 254.492 мегават часови, што се должи на високите температури. Минатата година вкупната потрошувачка на електрична енергија, за периодот 01 до 17 јули изнесувала 229.575 мегават часови. Разликата се јавува заради разликата на температурите, затоа што од втората недела на јули температурите се далеку над просекот“, велат од ЕВН за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Ова значи дека просечната дневна потрошувачка овој јули е за околу 1.500 мегават часови поголема од лани.

Повеќе на РСЕ

You may also like