Ејуп Рустеми од „Пошта“ ќе биде директор на Државни патишта

by Administrator

Ејуп Рустеми, досегашниот директор на АД „Пошти на Северна Македонија“, во иднина ќе биде директор на јавното претпријатие за државни патишта. Ова го потврди и премиерот Зоран Заев во изјава денеска.

„Ејуп Рустеми ќе биде нов директор на државни патишта“, рече Заев во обраќањето.

Рустеми ќе го замени Зоран Китанов од СДСМ.

Заев истакна дека на денешната владина седница која е во тек, ќе бидат именувани дел од директорите, и ќе бидат распишани огласи за оние места каде што е потребно.

TV21

You may also like