Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека е невозможно земја како Турција, која има најдолг брег на Медитеранот, од трибините пасивно да ги набудува настаните во тој регион.
Ердоган им се обрати на учесниците на Работилницата за Источен Медитеран, организирана од Советот на меѓународни универзитети и медитеранските универзитети во Анталија, со видео порака. „Турција јасно стави до знаење дека нема да прифати планови и мапи што би ја затвориле до бреговите на Анталија“, истакнал Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган изјави дека Турција нема аспирации кон туѓите права, но дека цврсто стои против пиратските менталитети кои се обидуваат да ги одземат правата што и припаѓаат на Турција. – Нашата земја никогаш не се залагаше за напнатост во врска со прашањето за Источен Медитеран, туку мир, соработка, правда и рационални решенија – рече Ердоган. Ердоган исто така рекол дека понудата на Турција да организира конференција за Источен Медитеран, на која ќе учествуваат сите релевантни актери, вклучително и кипарските Турци, останува активна. „Убедени сме дека проблемите на Медитеранот не можат да се решат со исклучување на никого, туку со собирање на сите регионални актери на масата“, надополнил Ердоган.
На работилницата за Источен Медитеран, Ердоган исто така рече дека Европската унија мора да излезе од стратешкото слепило во кое паднало што е можно поскоро.
Извор: Анадолија
