Ердоган оствари телефонски разговор со семејството на Кашоги

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со семејството на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги и му изрази сочувство, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од претседателски извори, Ердоган изразил жалење поради убиството на Кашоги и истакнал дека како Турција ќе го следат овој случај и дека се направи сѐ за разјаснување на убиството.

Ердоган упати сочувство до синот на Џамал Кашоги, Абдула Кашоги, и до членовите на неговото семејство, со кои разговараше на телефон.

You may also like