ЕРДОГАН: Вашата демократија е да се тера избраниот, а да се поддржи некој кој ниту излегол на избори

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го критикуваше зголемениот притисок врз претседателот на Венецуела Николас Мадуро и запрашал како е можно да се тера некој од власт кој тука дошол преку избори, а истовремено да се предаде водењето на државата на некого кој воопшто не излегол на избори, пренесе Агенцијата Анадолу.

Ердоган денеска им се обратил на пратениците во туррскиот парламент од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АК партија), и во таа прилика допрел и до актуелните настани. Во фокусот на обраќањето на Ердоган, беа последните случувања во Венецуела, или зголемениот притисок врз претседателот на државата, Николас Мадуро.

 

– Дали Венецуела можеби е вашата провинција? Како можете на човек кој преку избори дошол на таа позиција можете да му кажете: “Остави го тоа место, замини”. Освен тоа, како можете водењето на државата да му го препуштете на некој кој воопшто ниту излегол на избори? Дали тоа е демократија ? Каде исчезна приказната за вашата демократија ? Дали нешто вакво е прифатливо? “, прашал Ердоган.

Говорејќи за Сирија, Ердоган рекол дека неговата земја искрено го поддржува воспоставувањето на новиот устав и одржувањето слободни избори во таа земја.

-Турска го почитува територијалниот и политичкиот интегритет на Сирија, бидејќи го почитува правото и волјата на сирискиот народ да одлучи за сопствената иднина. Искрено го поддржуваме изготвувањето на новиот устав и одржувањето слободни избори во Сирија – истакнал Ердоган.

Во врска со ситуацијата во сирискиот град Манбич, Ердоган рече дека неговата земја нема да чека долго.

“Ако терористите од Манбич не бидат отстранети за неколку недели, Турција повеќе нема да чека”, надополнил Ердоган.

Во врска со ситуацијата во неговата земја, Ердоган истакна дека турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) изнесува невистини за тоа дека Турција повторно ќе биде принудена да зачука на вратата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на што Ердоган одговори:

– Многу е јасно кој одеше на вратата на ММФ, тоа беше ЦХП. Кога дојдовме на власт, долгот на земјата кон ММФ изнесуваше 23,5 милијарди долари. Го презедовме тој долг. Нашата влада, од една страна, се занимаваше и со големи инвестиции во оваа земја, а истовремено го отплати долгот кон ММФ. Во мај 2013 година, Турција го откажа долгот кон ММФ и таа страна ја затвори за секогаш-истакнал Ердоган.

You may also like