33
Венецуелскиот лидер Николас Мадуро изјави дека смета дека американскиот претседател Доналд Трамп има намера да интервенира воено во Венецуела и порача дека причините за војната на Трамп спрема неговата земја се нафтата и другите богатства на неговата земја што ги поседува Венецуела, ја објави агенцијата Анадолу (АА).
Мадуро дал интервју за телевизискиот канал “Русија денес” кој ги емитуваше вести на шпански јазик и истакна дека проблемите во неговата земја можат да се решат само со дијалог. Со напади и државни удари, како што порача Мадуро, нема да се добие ништо.
