Димитров: Добив уверување дека грчката Влада останува посветена на Договорот

by Administrator

Со одлуката на Парламентот за уставните измени и со тоа за имплементација на Договорот со Грција, Македонија го реши најголемиот надворешно-политички проблем и притоа ја заокружи изградбата на куќата на нашата државност која почнавме да ја градиме со референдумот во 1991 година, оцени министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференцијата заедно со вицепремиерот за европинтеграции Бујар Османи и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-Ова беше најголемиот надворешно политички проблем што со генерации ни ја затвораше вратата за напред и не влечеше назад. Нема веќе да бидеме дефинирани со Бивша Југословенска РМ. Се легитимираме со нашиот идентитет денеска, заштитувајќи го она што е наше и рагзграничувајќи ја нашата Македонија од деловите во Грција Бугарија и мал дел во Албанија, рече Димитров објаснувајќи ги причините поради кои оваа Влада го започнала процесот за затворање на спорот со Грција кој трае повеќе од 27 години.

Димитров истакна дека оваа власт имала доблест и храброст да ја преземе одговорноста на својата генерации да го реши проблемот за идните генерации – да направи постабилна држава и поизвесна иднина

-Ние докажавме дека на овој дел од светот можеме да демонстрираме европски вредности, истакна Димитров.

Во врска со актуелната политичка ситуација во Грција по оставката на министерот за одбрана Панос Каменос кој е клучен коалициски партнер на премиерот Алексис Ципрас, непосредно пред грчкиот Парламент за гласа за Договорот, Димитров рече дека веќе разговарал со неговиот грчки колега Катругалос кој му изразил уверување дека Владата на Ципрас е посветена во исполнување на обврските на Договорот од Преспа.

-Покорисно е да упатуваме порака дека е време да го направиме овој исчекор кон блиско пријателство, стратешко партнерство и идни сојузници, што требаше и порано да го направиме, рече Димитров.

На новинарско прашање завлегувањето на сила на Договорот, Димитров рече дека во консултации меѓу министерствата за надворешни работи, најден е начин влагувањето во сила на Договорот од Преспа да оди заедно со двете ратификации во Парламентите имајќи го предвид внатрешниот процес кај нас со уставните измени.

– Има начин и е многу важно и од аспект на нашиот домашен уставно-правен поредок и од аспект на влегувањето во сила Преспанскиот договор кој е меѓународен билатерален дговор тие две работи да се случат заедно. Да влезе во сила Преспанскиот договор заедно со двете ратификации од страна на парламентот во Атина и на договор и на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО и има начин како тоа да се направи, рече Димитров.

Ќе ги донесеме кај нас стандардите што младите ги бараат во ЕУ

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи истакна дека се работи за историски успех постигнат од политичарите, институците, грашаните, медиумите, сите ние кои и посакуваат наредок и просперитетна и стабилна иднина на државата. Тој ги истакна сите пораки на поддршка и  пријателство кои според него посочуваат на извесноста на нашиот пат кон земјите од ЕУ и НАТО.

-Македонија конечно е и целосно зашитета од геополитичките игри од неколку центри на моќ чии игри се закана за безбедноста и светскиот мир, рече Османи.

Сепак, потсети дека има уште многу работа – воведување на европски правила,  стандарди и вредности и целосна трансформација на целиот политички и економски систем -администрацијата, владеење на правото, деполитизарно судство, образование, уметноста, културата, животната средина.

-Ги носиме стандаите кај нас д ане мора нашите деца да го бараат надвор, рече Османи.

Тој исто така потсети дека успех на Преспанскиот договор е поттик и пример за другите земји и симбол на оптимизам за тоа како се градат добри односи со соседите.

Но потсети дека надворешената интеграција не може да се постигне без внатрешно помирување и политичко и општествено единство.

Македонија во НАТО на 70-годишнина од Алијансата

Вицепремиерката  и министер за одбрана Радмила Шекеринска говореше за значањето на оваа одлука за се поизвесното членство на Македонија во НАТО.

-Македонија седнува на маса, каде секој глас е важен и се брои и нашата земја ќе одлучува со најмоќните воени сили во светот како сојузник, член и како една од 30 -мината, рече Шекеринска.

Таа посочи на симболиката, дека годинава Алијансата прославува 70 роденден, нашата држава седнува на маса како една од 30 членки.

-Тој процес не беше лесен и зависеше од многу поддршка и за заблагодарувам на граѓаните, на медиумите. Ова е вовед во успешна година, истакна Шекеринска.

На прашањето за барањето на ВМРО – ДПМНЕ за предвремени избори, вицепремиерката Радмила Шеќеринска рече дека ВМРО – ДПМНЕ бара избори, но се моли да ги нема, додавајчи дека сепак таа иницијатива ќе ја разгледаат.

-Иницијативата ја дадоа во првите 5 минути по важното гласање во Собранието, како да сакааат да ја заборавиме темата, рече Шекеринска.

Одговарајќи на прашањето дали ќе во случај на предвремени избори ќе има техничка влада, таа рече дека во такво сценарио ќе го исполнат она што го предвидуваат законите од прва до последна точка.

На прашањето за предвремени избори и ставот на ДУИ , вицепремиерот Бујар Османи изјави дека се против избори исто како и претходно, иако и тогаш анкетите покажувале предност на ДУИ.

-Денеска исто така, ДУИ ќе има два пати подобри резултати ако има избори утре, за разлика од декември 2016. Но сепак прашањето за НАТО и ЕУ треба да се заокружи. Договорот за решение на спорот за името не беше само да се затвори ова прашање, туку целта се ЕУ и НАТО. Сметам дека сега целата политичка енергија треба да се фокусира на членството во НАТО и ЕУ и на имплементација 2019 да биде година на економијата, рече Османи.

Извор:НоваТВ

You may also like