ДИК го усвои протокол за гласање, ако не носите маска и ракавици нема да може да гласате

by Administrator

Државната изборна комисија го усвои протоколот за престојните избори предложен од Комисијата за заразни болести. Сите гласачи задолжително треба:

  • Да носат хируршка маска и ракавици
  • Да одржуваат дистанца од 1.5 до 2 метри
  • Да ги мијат и дезинфицираат рацете пред и по гласањето

Секој гласач пред влегување е должен да направи дезинфекција на рацете, а со себе треба да носи маска и ракавици. Дотолку лицето не ги исполнува овие услови тој нема да биде пуштен да го оствари правото на глас.

„На гласачот нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако предходно не ги дезинфицира рацете и не носи маска“. гласање доколку не носи маска“, вели Елизабета Постоловска – член на ДИК.

Маската смее да се извади само во моментот кога избирачкиот одбор треба да направи идентификација на гласачот.

„Гласачот е должен при покажувањето на лична карта, накратко да ја извади маската со цел идентификација, а откако ќе се утврди идентификацијата, гласачот може да гласа. Овие се задолжителни чекори“, додава Постоловска – член на ДИК.

Гласачот е должен откако ќе гласа, гласачкото ливче да го пушти во кутијата, а потоа при излез повторно да направи дезинфекција на рацете.


TV21

You may also like