Десковска: Нема законска можност Иванов да помилува осуденици

by Administrator

(Дубаи – Портал) – Може ли шефот на државата да даде помилување на осудени за 27-ми април, е прашање коешто деновиве се погласно ќе се поставува во јавноста откако група осудени за настаните од 27 април поднеле молби за помилување до претседателскиот кабинет.

Во разговор за „Дојче Веле“, министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека претседателот нема можност да донесе одлука за помилување.

„Прво, постапката може да се води единствено преку Министерството за правда, со оглед дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во нашето Министерство. Избришан е членот 11 од Законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на Уставниот суд во 2016 година тој член не е ‘оживеан’, односно не постои во правниот систем на нашата држава“, објаснува министерката.

Втората пречка, како што објаснува Дескоска, произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

На прашањето – што ќе се случи, ако претседателот повторно реши спротивно на законот да помилува осудени учесници во настаните од 27-ми април, министерката за правда е децидна:

„Таква незаконска одлука нема да спроведат ниту судовите, ниту Управата за извршување санкции!“

Mahir Demişoski

You may also like