Денеска нема датум за избори: Наредната недела нова лидерска средба

by Administrator

За нов датум за предвремените парламентарни избори ќе треба да се почека најмалку до наредната недела за кога е најавена нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Епилогот од денешната лидерска средба во вила Водно прв го сооопшти Зијадин Села во изјавата за медиумите. Тоа по него во повтори и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

До наредната лидерска средба треба да се обезбедат информации од Комисијата за заразни болести за безбедноста на гласањето, од Државната изборна комисија (ДИК) за времето потребно  за организирање на изборите, како и информации од ОБСЕ за начинот на кој ќе го следи гласањето во Македонија.

Nova

You may also like