ДВОЕН СТРУЕН УДАР: Освен повисока цена ќе се укине и евтината тарифа на струјата?

by Administrator

Регулаторната комисија за енергетика деновиве треба да ја утврди цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат во следниот период, а меѓу мерките е и укинување на тн. евтина струја.

Компаниите ЕСМ, МЕПСО и ЕВН веќе ги доставиле своите пресметки на материјални трошоци, по што РКЕ ќе ја утврди новата цена. Според информации на ТВ Сител се размислува и за укинување на евтината тарифа, која беше воведена пред две години.

Од РКЕ велат дека се ќе се знае в петок.

Пред две години владата на СДСМ ја врати евтината тарифа на струјата, а токму ова им беше едно од главните предизборни ветувања. Примената на евтината тарифа на струјата започна од октомври 2017 година.

Според ТВ Алсат, ставот на заговорнците на идејата за укинување на евтината струја бил дека цената на струјата во Македонија била најниска во Европа и дека, освен кај нас, модел на користење на струја како евтина тарифа нема никаде.

Denesen

You may also like