Да престане неконтролираната сеча на шума во месноста „Бела вода”, бараат здруженија на граѓани од Неготино

by Administrator

Да престане неконтролираната сеча на шума во месноста „Бела вода”, бараат здруженија на граѓани и планинари од Неготино. На денешниот состанок на членови од Здружението „Бела вода”, Трајче Димов рече дека единствената патека до изворите е направена масакр.

Соодветно да се реагира, побара и Борче Китановски, нагласувајќи дека станува збор за рекреативно место.

Се апелираше на укажување до повеќе општински и државни структури.

Поддршка на „Бела вода” даде Сашко Тодоров, претседател на здружение на граѓани „Ековита”, кое се залага за екологија и чиста околина.Тој рече дека потребно е од надлежните да се побара мораториум на сеча во туристичката населба во која има повеќе викендички.

-И претходно се има реагирано за неконтролирана сеча во тој дел со прекрасна природа која нуди идеални услови за одмор и рекреација. Сметам дека конечно треба да се стави крај на злосторството врз природните убавини, дециден беше Тодоров.

Александар Гичовски, советник во Советот на општината, рече дека како активист во „Ековита” и планинар, ги поддржува сите активности за заштита на животната средина.

Градоначалникот Горан Стојанов информираше дека знае за проблемот. Тој нагласи дека ќе се направи се што е во рамките на можностите, да се стави крај на неконтролираната сеча на шума.

На денешниот состанок, беше избрано и ново раководство на Здружението.


„Sloboden pecat”

You may also like