Пратениците од владејачкото мнозинство предложија измени на Законот на медиуми со што се враќаат јавните кампањи, финансирани со пари од граѓаните, на приватните радија и телевизии. Експертите предупредуваат дека ова отвора врата за влијание врз уредувачката политика.
По пауза од четири години, на мала врата по скратена постапка повторно се отвора можноста за враќање на државните реклами на приватните радија и телевизии, пракса која ја усоврши претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, со фанфари ја укина СДСМ, ама сега пак ја враќа назад.
Предлогот за промена на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, познат и како Закон за медиуми, доаѓа од пет пратеници од власта и денеска е на дневен ред во Собрание.
Со него се бара бришење на членот 102 од законот, со кој беше запрено одливањето државни пари за кампањи во приватни медиуми, бидејќи праксата покажа дека тоа „ги наклонува“ овие медиуми кон власта.
Со реклами тешки неколку милиони евра до посвесни граѓани
Со законските измени, освен што се трга забраната за ваквото рекламирање, се воведува и обврска државата и општините да имаат од една до четири јавни кампањи годишно кои ќе се емитуваат на комерцијалните радија и телевизии.
Финансирањето на кампањите од јавен интерес се обезбедува од буџетот во висина од задолжителни 0,1 отсто.
Повеќе на РСЕ
