Грашкоска: „Немаме надлежност да влегуваме во приватни објекти кои се изнајмуваат за свадби“

by Administrator

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магладена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција ги презентираше преземените чекори на инспекторатите во изминатите денови.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со изнајмувањето на приватни вили и правењето на свадби во истите, Филиповска – Грашкоска изјави:

„Немаме надлежност да влегуваме во приватни објекти. Нема да може да се контролира тоа, барем со постоечките законски прописи“.

You may also like