Се укинува ограничувањето за најмногу двајца на една маса во угостителските објекти. На плажа и во вода ќе мора да држете дистанца 1,5 – 2 метри

by Administrator

Владата на денешната седница ги укина ограничувањата кои предвидуваа во угостителските објекти да може да седат само по двајца на маса или четворица ако се од исто семејство со што практично се олеснува соборањето и седењето по кафеаните.

Покрај ова донесени се измени и за работата на базените и плажите. Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетителите за лична заштитна опрема на лицето, достапни места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² површина.

На плажите е задолжително меѓу чадорите да се обезбеди растојание од 4 метри, и растојание од 1,5 до 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби. На плажите задолжително е одредување лица кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките. Протоколот за работа на базените, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, определува како задолжително пред билетарите да се обележи место за чекање со растојание од 1,5 – 2 метри.

Пред влезот на базените задолжително е да се постави дезбариера (подлога) и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете со известување за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.. Задолжително е редовно информирање на посетителите, а користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба.

При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете. Се ограничува бројот на посетители на максимум 15 посетители на 100 м² површина или еден пливач на 7 м² во базенот, и задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот .

Владата на денешната седница ја усвои Информација за можноста земјава да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини.

https://www.youtube.com/watch?v=9g0ELgoH_yM&feature=emb_title

Kanal5

You may also like