Преку соопштение испртено утринава ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција бара итна оставка на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски поради, како што велат, “сознанието дека за него се води предистражна постапка за времето на неговото директорување во ЕЛЕМ”.
“Како демократи по убедување ја почитуваме пресумпцијата на невиност, но како партија која настојува да ги негува демократските принципи и вредности сметаме дека оваа покрената постапка може да и наштети на партијата во понатамошното нејзино функционирање и дејствување. Мотив повеќе за барањето оставка е опасноста од уцена на лидерот за да ги прифати неразумните барања на СДСМ во замена за негово поблаго казнување или стопирање на започнатата постапка, а кое би било на штета на државата и граѓанството.
Исто така како Фракција сме загрижени од можноста преку барањата за измени на кривичниот законик, партијата по којзнае кој пат да биде ставена во заштита на криминалот направен од страна на поединци. Лидер кој е вмровец и кој и мисли добро на државата, граѓаните и партијата поднесува оставка и нема да дозволи партијата и членството да станат заложници за резлизација на нечии туѓи интереси и цели”, велат тие.
Извор:НоваТВ
