Владата прифати денот недела да биде прогласен за неработен ден

by Administrator

Владата ја прифати иницијативата за денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Заев додаде дека го задолжиле Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање.
„Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, додава Заев.

NovaTV

You may also like