Владата одлучи – Ќе има дневен престој во училиштата, се отвораат и игротеките

by Administrator

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија одлучи да ги отвори игротеките, кои со месеци беа затворени како мерка за заштита од ширење на Ковид-19.

-На денешната седница е усвоен и протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 и препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на КОВИД-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста, велат од Владата.

Исто така, „Владата одобри да има дневен престој во училиштата кои од задутре ќе почнат со настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија“, стои во одлуката од денешната седница донесена по препорака на Комисијата за заразни болести.

Novatv

You may also like