Владата донесе одлука: Забрана за движење од 20 часот, затворање на кафеаните, фитнес салите, обложувалниците

by Administrator

Полицискиот час на територијата на целата држава кој беше воведен на 10 март, а траеше од 22 до 5 часот наутро, од утре ќе почнува во 20 часот, се до 20 април, одлучи Владата на денешната седница.

Угостителските објекти кои имаа дозвола да работат до 21 часот, сега целосно се затвораат и ќе смеат да работат само со достава. Исто така, од утре се затвораат и фитнес клубовите и се забранува одржувањето на конференции и обуки. Обложувалниците пак, се затвораат од 7 април, соопшти на прес конференција премиерот Заев.

„Најновите тенденции кои ни се презентираа од епидемиолозите се дека британскиот сој на ковид-19 го зема својот замав“, рече Заев.
NovaTv

You may also like