Владата донесе одлука: Економските субјекти ќе работат до 23, автобусите да возат со 50% од капацитетот

by Administrator

Владата на седницата која ја одржа денеска донесе одлуки и нови мерки со цел справување со коронавирусот, дознава ТВ21. Меѓу нив, онлајн работа на државни и јавна администрација, автобуси со половина капацитет да возат и работата на економските субјекти да заврши до 23 часот.

  • Препорака до цела државна и јавна администрација до ошпштините и судовите согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени, редуцирано или онлајн од дома
  • Автобусите да возат со 50% намален капацитет
  • Сите економски субјекти да работат до 23 часот

Инаку денеска во Собранието не се расправаше по предлог измените на законот за заштита на населението од заразни болести.

TV21

You may also like