/ Видео / Касами: „Реџепи е присилен да не дојде во Собрание, имам право да се сомневам во тоа“

by Administrator

Лидерот на БЕСА, Билал Касами  на излегување од Собранието изјави дека се сомнева дека Кастриот Реџепи е присилен да не дојде денеска во законодавниот дом и дека наводно се држел некаде на сила за да не може да дојде.

Касами повтори дека БЕСА останува на ставот  за „пад на овој ртежим“ како што изјави и се чуди што се случило во меѓувреме што Реџепи до вчера бил на позиции како останатите 60 пратеници со кои требаше да се руши власта а , денеска , не знае каде се наоѓа.

„Сè додека немам јасна слика и глас од пратеникот за својот став, јас се сомневам дека тој против своја волја го има декларирано тоа што има декларирано и не може да дојде во Собранието и да ја искаже својата позиција“, рече Касами.

Nova Tv

You may also like