Велешанец лишен од слобода, поради превоз на мигранти

by Administrator

Полициски службеници од Полициска станица Штип вчера го лишиле од слобода лицето Ј.Ш.(39) од Башино село, Велешко, бидејќи при извршена контрола и преглед на патничко моторно возило „рено меган“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека превезува две лица-мигранти од Мароко.

Како што соопштија од МВР, Ј.Ш. е задржан во полициска станица, додека лицата-мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Гази Баба“ за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

You may also like