Бугарскиот претседател Радев изрази сочувство до Пендаровски за настраданите во автобуската несреќа

by Administrator

Бугарскиот претседател Румен Радев изрази сочувство до претседателот Стево Пендаровски за тешката сообраќајна несреќа на автобус со македонски регистарски таблички на автопатот „Струма“ при што загинаа 46 лица.

Во име на бугарскиот народ и во свое лично име, изразувам искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата. Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји, наведува Румен Радев.

Шефот на бугарската држава ги повика одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.

Nova Tv

You may also like