Американската Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) го назначи Орце Камчев на листата лица кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција или друго дестабилизирачко однесување, се вели во денешното соопштение на оваа институција. Овие санкции значат дека на Камчев му се замрзнува имотот во САД и му се забранети трансакции.
„Г. Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи самопослужувачка агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон.
„Трезорот останува посветен на повикување на одговорност на сторителите на корупција“, додаде тој.
Информацијата на Твитер ја потврди и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер. Таа наведе дека САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани лица кои го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста во Северна Македонија. – „Корупцијата има последици“, напиша Агелер.
Повеќе на РСЕ
