А бре, Македонче, која верзија ја спремаш?

by Administrator

Хорот на 11 Октомври, во партизанската песна „А бре, Македонче“, наместо познатиот во јавноста стих „клетите фашисти“ отпеа „душманите клети“. Власта вели дека се работи за стар аранжман, но во јавноста има критики затоа што не е првпат да се менуваат делови од песни кои се спорни за Бугарија.

Ќе го тетовираат ли сега хористите од Македонската опера и балет стихот „клетите фашисти“ од партизанската химна „А бре, Македонче“, иронично прашуваат граѓаните на социјалните мрежи, откако песната на прославата на Денот на народното востание 11 Октомври во Куманово беше испеана со променет стих. Наместо „нека разберат клетите фашисти“, на официјалната прослава во Спомен костурницата во Куманово, хорот испеа „нека разберат душманите клети“.

Повеќе на РСЕ

You may also like