Ахмети го свика Генералниот совет на ДУИ, ќе се разговара за последните политички случувања

by Administrator

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ги покани сите членови на Генералниот совет за утре на состанок на кој ќе се разговара за последните случувања во земјава, пишува Алсат.

Лидерот на ДУИ го свикува состанокот поради тоа што вчера опозицијата соопшти дека е формирано ново мнозинство во Собранието, составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците-Алтернатива, Левица и Беса.

„Почитувани членови на Генералниот совет, претседателот Ахмети ве поканува на средба со КП ДУИ во врска со последните случувања во државата. Средбата ќе се одржи утре, недела, 07.11.2021 година, со почеток во 13:00 часот, во Тетово, ресторан АРА. Задолжително присуство во однос на мерките за заштита од Ковид-19“, се вели во поканата на претседателот на ДУИ.

Sloboden pecat

You may also like