Афера прислушување – обвинетите на слобода, државата ќе обесштетува?

by Administrator

Тоа што „Таргет“ застаре, според адвокатот Медарски, нема да влијае врз барањето отштета и тој најавува дека ќе ја продолжи граѓанската постапка што беше прекината. И адвокатот кој ја доби битката во „Големото уво“ пред 20-тина години, смета дека простор за тужба постои и правните основи се исти.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска (31 октомври) продолжи судскиот процес за предметот „Таргет-Тврдина“, но само за делот за уништување на опремата за следење на комуникацијата, додека тој за масовното прислушување застаре и никој нема да одговара за тоа.

За прислушувањето, се спасија поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков и уште петмина обвинети бидејќи делата злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувања им застареа благодарение на измените на Кривичниот закон од 6 септември.

За нив деновиве писмено се изготвуваат решенијата за застареност и во текот на неделава судот ќе ги достави до странките. Во овие решенија, велат од Кривичен, судот ќе се произнесе и за поуките до отштетените.

А, дали воопшто отштетените ќе добијат обесштетување и од кого, е прашањето кое отвори полемика откако стана јасно дека судскиот процес за прислушувањето нема да дочека правосилна пресуда.

Повеќе на РСЕ

You may also like