Македонија гласаше „воздржано“ за примирје во Газа, ОН ја усвоија декларацијата

by Administrator

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата со повик на итно хуманитарно примирје во појасот Газа.

Со 120 гласа „за“, само 14 „против“ и со 45 „воздржани“ резолуцијата беше донесена на предлог на Јордан.

Резолуцијата ги осудува актите на насилство врз палестинските и израелски цивили и повикува на итна хуманитарна помош на тамошното население.

Од регионот, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа „за“, Хрватска „против“, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција беа „воздржани“.

Во име на Македонија гласот го даде амбасадорот во САД Љубомир Фрчкоски, кој е претставник на земјава во Обединетите нации.

Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина.

Telma

You may also like