Голем верижен судир во Германија, повредени 25 лица

by Administrator

Заради град и поледица дошло до голема сообраќајна несреќа на автопатот А-71 во јужниот дел на Туринген, објави радиостаницата “Бајеришер рундфунк”.

Резултат со слика за Germany accident road A-71

Како пренесува Спутник, несреќата се случила на двете ленти на патот, а повеќе од 50 возила се судриле. Најмалку 25 лица биле повредени во несреќата, а четири лица биле во лоша состојба.
Многу возачи и патници беа блокирани во автомобилите и тие успеале да се ослободат од нив само со помош на спасувачите.

Два полициски хеликоптери учествувале во операцијата. Повредените биле донесени во специјално подигнати шатор за да им се даде прва помош, а потоа биле хоспитализирани.

(Vijesti.ba)

You may also like