Турција: Оддржан фестивал на чоколадата и слаткарството

by Administrator

Во Самсун , Турција се оддржа третото меѓународно натпреварување на фестивалот “Мајстор за торта”, “Чоколада и слатки”.

Околу 150 натпреварувачи од Нигерија, Хрватска, Србија, Азербејџан, Турска Република Северен Кипар, Словенија и Турција учествуваа во натпреварувачкиот дел од програмата а фестивалот се одржа во салата “Сехит Омер Халисдемир”.

Беа претставени 120 дела, а првото место му припаднало на Кијафет Караагакли за тортата “Амазонка“.

Со организацијата задоволен бил и гувернерот на Самсун Осман Кајмак, кој присуствувал на церемонијата на доделувањето на наградите. Организаторите се исто така задоволни, а координаторот на проектот Зума Улудоган се надева дека слични настани ќе бидат организирани и во иднина.

Извор:faktor/foto Anadolija

You may also like