(Видео) Еквадор му го укина азилот на Асанж и предаде на британската полиција

by Administrator

 

Новата еквадорска влада на чело со лажниот левичарски претседател Ленин Морено го предаде Џулијан Асанж на британската полиција.
Еквадор го повлече азилот на Џулијан Асанж, оснивачот на Викилик кој со години живееше во егзил затворен во амбсадата на Еквадор во Лондон.
Полицијата за неговото приведување информација објави на Твитер. До приведувањето дошло откако Еквадор го повлече азилот кој го заштитуваше на Асанж, кој во амбасадата на Еквадор во Лондон се наоѓаше од 2012 година.

 

Асанж таму се сокри како не би бил испорачан на САД, каде што сакаат да му судат заради објавување на доверливи документи.

Асанж денес беше приведен во амбасадата на еквадор во Лондон. Моментално се наоѓа во полициска станица во Лондон каде ќе остане се додека не биде изведен пред суд, што ќе се случи во текот на денот или вечерта, потврди полицијата,

Од Викиликс тврдат дека Асанж не “излегол од амбасадата“ туку амбасадорот на еквадор повикал полиција во зградата.

“Еквадор илегално фо прекина политичкиот азил на Асанж и го прекрши меѓународното право. Асанж беше приведен веднаш после тоа во зградата од страна на британската полиција“, тврдат од Викиликс.

Видео: приведување на Џулијан Асанж:

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=gwkmtuz6q2g[/embedyt]

 

You may also like