Волк виден во Белгија после повеќе од 100 години

by Administrator

Белгиска еколошка организација објави дека во Белгија бил забележан во Белгија после 118 години, објави порталот (Focus on Belgium).

Фламанската организација Landschap објави дека забележаната волчица го добила името Наја, а во Белгија се наоѓа од 11 јануари, откако ја преминала границата Германија.

После првите сведоштва на локалните жители и официјалната потврда за присуството на волкот, во Белгија била формирана мрежа на експерти за да ги анализираат добиените информации за волкот на теренот со цел да го одредат нивното движење.

Белгиските власти неодамна потсетија дека волкот е заштитен вид, и дека ловот и убивањето на ова животно е забранет.

Извор:cdm

You may also like

Leave a Comment